Сириската противвоздушна одбрана денеска одби израелски воздушен напад во близина на Дамаск, објави сириската државна агенција САНА.

– Сирискиот противракетен систем запре израелска агресија, петте проектили што беа истрелани од либансиот воздушен простор, беа соборени пред да ја погодат целта, објави САНА.

Нема информации за евентуални жртви.