Оставка по неуспешен референдум, оставка ако не добиеме датум од ЕУ, оставка ако…
Ова се само дел од оставките кои досега (не) ги поднел премиерот Зоран Заев, а ги ветил.
Последната е дека ќе си поднесе оставка на премиерската функција доколку неговата партија СДСМ ги изгуби локалните избори во Скопје, односно ако не победи нивниот кандидат Петре Шилегов, зашто локалните избори и градоначалничките места во општините во Скопје веќе ги изгуби.
Дали овој пат Заев ќе го одржи зборот и даденото ветување е инспирацијата за графичкиот приказ на дел од „оставките на Заев“ што корисници на социјалните мрежи му го објавуваат на Фејсбук?