Цела кампања, ваква каква што ја води СДСМ, има две цели, првата е да ја намали излезноста, со црната кампања ќе ја спуштат излезноста и ќе дојде до битка на партиските војски на власта и опозицијата. Мислам дека им е погрешна проценката. А на народот им е преку глава од нивниот кандидат и масовно ќе излезат за гласаат за Данела Арсовска, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на тв Шења.

Проценката им е погрешна, вели Мицкокси, и убеден сум дека масово ќе излезат и ќе гласаат за арсовска.

Втората цел им е да направат немир кај неа, таа била менаџер, истакната е меѓународно како експерт и ова е непознат терен за неа.

Ние стоиме позади понудите на нашите кандидати, а тоа се повеќе од 16 илјади проекти за општините. Ние додека зборувавме за визија, проекти. Противникот беше заглавен пред 8-9 години, рече Мицкоски.

Тој се осврна на она го го нуди актуелниот градоначалник, а кое е ништо.

„И ако ја видите програмата на Шилегов тој излезе со десеттина ливчиња, прва, втора страна обраќања, неколку страни проекти, и на крај слики на советниците“,

Тоа е брутална комоција која е недозволива.

„Никој во Скопје нема чувство дека живее покомфорно. Не е направено ништо, Скопје е најзагадено, што се направи со сообраќаен хаос ставија некој асфалт и слично“, укажа Мицкоски.

Тој истакна дека планира секој атом од својата енергија да ја вложи во полза на граѓаните.

-Да бидам нивен сервис, да направиме реформи кои ќе значат подобар живот за граѓаните. Ние сега на тоа сме фокусирани бидејќи за 3-4 дена отсега тоа ќе биде реалноста како да направиме подобри услови за живот во општините во кои ВМРО-ДПМНЕ ќе има свои градоначалници. Суштината е дека народот живее лошо и оваа поддршка која ја доби ВМРРО-ДПМНЕ е реткост од опозиција да се добие таква поддршка и тоа значи дека народот од нас има големи очекувања и тоа нас не обврзува. Ние размислуваме што после 31 октомври, што треба да сработиме за да ја оправдаме довербата, рече Мицкоски.