Како СДСМ контра СДСМ, или кој е поголем социјалдемократ, може да се окарактеризира синоќешниот ТВ дуел на досегашниот градоначалника на СДСМ на Куманово и сега независен кандидат за истата функција Максим Димитриевски и неговиот противкандидат од СДСМ, Оливер Илиевски.

– Од понеделник најавуваат рестрикции за струја. Срамота е! А бе на кое дереџе ја донесовте СДСМ и ова што се случува во државата?, му порача Димитриевски на Илиевски, својот довчерашен партиски колега и сегашен опонент за градоначалничката функција во Куманово.

Жестока дебата имаше во студиото на ТВ21, кои синоќа излегоа со тешки обвинувања. Едно од нив е и за тоа кој ја поскапил водата.

– Дали вие го испративте овој документ? Видете го, Оливер Илиевски пишува… Значи го имате ова испратено во Скопје, со барање до Регулаторна комисија каде што барате двојно да им се покачи цената на кумановците за водата. Срамота, обвини Димитриевски.

На ова Илиевски одговори дека откако тие ја намалиле цената од 6,4 денари за метар кубен на 3,2 денари, во истиот момент Димитриевски реагирал со одлука за зголемување на цената.

– Господине Димитриевски ги лажете луѓето, рече Илиевски.

Дел од дуелот на двајцата доскорешни партиски колеги на ТВ 21 може да погледнете во видеото ТУКА.

Опширен приказ на жестокиот дуел може да се погледне и во подолгото видео ТУКА.