Претседателот на Бугарија Румен Радев во Претседателството прими делегација на бугарската заедница во Република Македонија, составена од претставници на политичката партија Граѓанско-демократска унија, здруженијата Центар за култура „Иван Михаилов“ од Битола, „Трибина“ од Прилеп, Македонска – бугарско пријателство од Скопје, „Коридор 8“ – Скопје, „Интеракција“ – Охрид и „Единство“ од Кочани.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова е прва средба на бугарски претседател со претставници на Бугари од Македонија.

Бугарија стои цврсто зад македонските Бугари, рече Радев, додавајќи дека овој став веќе го искажал пред ЕУ и за време на неговите средби со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Според Радев, без соработка со македонските Бугари, Софија не може соодветно да ги заштити нивните права.

Тој потсети дека во Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Република Македонија стои дека Бугарија има право да ги брани правата на македонските Бугари.

За жал, ваква средба, но во обратна насока, со Македонците од Бугарија или Грција, не може да остварат ниту Зоран Заев, ниту Стево Пендаровски, зашто со договорите за наводно пријателство, Македонците во тие земји едноставно не постојат. Всушност, Македонците како народ се избришани и во самата Македонија, не пак надвор од нејзините граници.

Иако, сосема нормално е дека во Македонија има Бугари, веројатно и по некој Грк, сосема нормално е дека ма староседелци Срби и Албанци, како што е соема нормално во Бугарија, Грција, Србија и Албанија да има и стаорседелци Македонци. Се други би било чудо. Но, кога е СДСМ во прашање, чудата се секојденвни.!