Сите станари кои во моментот се сместени во Домот за стари лица Астреон се во добра здравствена состојба. Петте лица кои се позитивни на Ковид-19 се изолирани во посебни простории, вели за Алфа сопственикот на домот Љупчо Захариев. Сите се стабилни, без симптоми и температура. И меѓу останатите 24 корисници од кои дел се тестирани комуникацијата е сведена на минимум. Тој денес со реакција по вчерашната најава од штипскиот Центар за јавно здравје дека од Комисијата за заразни болести ќе бараат домот да се стави во карантин.

-Дали ќе се донесе таква одлука или нема да се донесе, на некој начин ние ја спроведовме таквата постапка. Комплетно е забрането влез и излез, со конкретна изолација на сите корисници. Бевме посетени од епидемиолошката служба. Се зедоа сите епидемиолошки податоци. Во постојан контакт сме со епидемиолозите и со одредени инфектолози – изјавил за Алфа Захариев.

Вирусот во Домот за стари лица влегол преху хигеничарката која криела дека нејзиниот сопруг седум дена е со покачена телесна температура. Раководството го известила но откако добиле позитивен резултат, па поради тоа двајца од вработенните се позитивни, а за уште толку се чекаат резултати. Двајца од позитивните станари се хоспитализирани во болниците во Штип и Скопје, се вели во прилогот на Алфа.

Во меѓувреме, жариштето во Штип не стивнува. Од епидемиолошката служба реагираат граѓаните да ја намалат социјалната комуникација и наместо по кафеани и клубови, да седат дома. Најголем дел од новозаболените се текстилни работнички, а вирусот повторно се врати во конфекциите каде што претходно имаше заболени. Од самиот почеток на епидемијата во Штип се затворени 11 конфекции, а работниот процес беше стопиран и во фабриката Мода во Свети Николе. Во моментот на штипска Инфектологија се хоспитализирани 51 пациент.