Најдобро е да јадете зелка сурова или малку варена. За лекување, користете незагадена домашна или органски одгледувана зелка.
Суровата зелка, ако се јаде често, помага при анемија, несоница, депресија и вознемиреност.
Варената зелка е одлично средство за детоксикација и едно од најдобрите средства против нервната напнатост, вознемиреност, слабост и ниска концентрација.
Зелката изобилува со антиканцерогеното соединение синигрин, кое има уникатни својства против рак на проста, црева и мочниот меур.
Исто така е одлично антиинфламаторно средство и помага при воспалителни заболувања како што се артритис и ревматизам.
Кај болестите на белите дробови, ефикасен е сокот од зелка измешан со мед.
Ги чисти дишните патишта, помага при астма и бронхитис.
За болести на грлото, препорачливо е да се прави гаргара со сок од зелка.
Лековито дејство на зелката:
делува превентивно против карцином
помага при губење на тежината
го подобрува варењето на храната
има антиинфламаторни (антивоспалителни) својства
третира чир на желудник и дуоденален
го зајакнува имунитетот
го чисти организмот
ја ублажува депресијата и вознемиреноста
ја подобрува концентрацијата
помага при респираторни заболувања
Во текот на џвакањето и сецкањето, зелката ослободува изотиоцијанити и индоли, супстанции за кои се покажало дека имаат анти-канцерозни својства.
Изобилството на витамини Ц и сулфур содржани во зелка се одговорни што овој зеленчук успешно ги елиминираат слободните радикали и уринарната киселина, кои се главните причини за заболувања на кожата и ревматизам.
Покрај тоа, свежата зелка спречува апсорпција на маснотии после оброк и со тоа го намалува нивото на холестерол. За време на џвакањето и сецкањето, зелката ослободува изотиоцијанити и индоли, супстанции за кои се покажало дека имаат анти-канцерозни својства.
Свежата зелка, исто така, помага при анемија, несоница, депресија и вознемиреност, додека зготвената е одлична за детоксикација и еден од најдобрите лекови против напнатост, вознемиреност, слабост и слаба концентрација.
Бројни студии потврдија дека луѓето кои често јадат зелка ретко имаат проблеми со варењето, дебелото црево, белите дробови и кожата. Исто така, луѓето со високи нивоа на антиоксиданти добиени од храна имаат помала веројатност да страдаат од срцеви заболувања, мозочен удар и катаракта.
Чаша свежо исцедена зелка дневно го подобрува целокупното здравје и го намалува или целосно ги елиминира проблемите со цревата, како и респираторниот и уринарниот тракт.