Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која пред еден месец си поднесе оставка, од денеска е повторно на работа, информираат во СЈО.

Таа  сѐ уште не добила покана да се појави на распит во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во врска со истрагата за аферата Рекет, во која засега има двајца осомничени Бојан Јовановски алијас Боки 13 и Зоран Милевски наречен Кичеец.

Досега има три снимки за Рекет, каде обвинети се Боки13 и бизнисменот Кичеец. Во едно од видеата се слуша гласот на специјалната обвинителка Јанева, која му вели на Камчев дека се ќе биде во ред, а Боки 13 го споменува и Зоран Заев.

Специјалната јавна обвинителка во писмена изјава објавена на веб-страната на СЈО, во врска со аферата вели:

– Во конкретниот случај, во тој период, се водеа преговори од моја страна со лицето О.К. да стане соработник – сведок во една нова предистрага што ја водевме во СЈО, заедно со еден од моите помошници обвинители, тврди Јанева.