Владата предводена од СДСМ преку постојано спроведување на квалитетни младински политики на дело покажува конкретна грижа за младите, соопшти денеска СДСМ.

– Преку низа на мерки се обезбедуваат услови за развој и напредок на младите, се отвораат нови стабилни перспективи за иднината на младите, создаваме фер шанси за сите и подобар животен стандард. Со мерката Гаранција за млади обезбедуваме вработување, платена пракса или доквалификација. Само во три општини минатата година се вработија над 1.800 млади лица, а годинава очекуваме значително поголем број бидејќи мерката се спроведува на територија на целата држава. Европската младинска картичка е последниот во низата проекти што се директно насочени кон младите. Со овој проект се намалуваат трошоците за транспорт, спорт, едукација и рекреација а картичката важи во стотици локали низ целата држава. Освен што носи заштеда и помали трошоци, картичката ќе го унапреди социјалниот живот, но и личниот развој на младите, се вели во соопштението.

Натаму од СДСМ додаваат:

– Инвестираме и во студентскиот и ученичкиот стандард. Се реновираат студетнските и ученичките домови. Обезбедуваме квалитетни услови за развој на земјоделството преку помагање на младите. Мерката Млад земјоделец обезбедува 10.000 евра непорватни средства за млади земјоделци до 40 години возраст. Со измените на Законот за земјоделско земјиште, младите земјоделците се ослободуваат од плаќање на закуп на државно земјоделско земјиште во првите три години. Ова се само дел од мерките што се спроведени во изминатиот период а кои се во интерес на младите. Како одговорна партија остануваме посветени на креирање на квалитетни младински политики кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на младите и тие својата иднина да ја гледаат, тука во својата татковина, соопштува СДСМ.