Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович нема намера да ги продава акциите во клубот, тврди англиската телевизија „Скај Спортс“.

Според медиумот, Абрамович нема интерес да се раздели со „сините“ и покрај шпекулациите во последниве месеци дека клубот ќе биде продаден.

Претходно во текот на неделата се појави информација дека најбогатиот човек во Англија – Џим Ретклиф, планира да го купи клубот од Лондон, а самиот бизнисмен навести за тоа дека не би одбил можност да се стекне со акциите на тимот од „Стемфорд бриџ“.

„Скај Спортс“ сепак, тврди дека немало разговори меѓу Абрамович и Ретклиф за сопственоста на Челзи, како и со други потенцијални купувачи.