– Имајќи предвид дека нема рокови во однос на објавувањето на Законот за јазици, сметам дека во соодветно време, кога ќе проценам дека треба да се прати Законот до Службен весник, тој ќе се објави и потоа да можат другите надлежни институции да се произнесат по однос на текстот на Законот односно за оние укажувања и дилеми кои се искажаа во јавноста, истакнува Џафери во својот последна изјава.

Со ова Џафери покажува тотално непознавање на Уставот на РМ што само по себе е скандал. Никој не бара од него да биде експерт по уставно право, но барем елементарно пролистување на Уставот и запознавање со него, секако е пожелно за некој кој ја игр улогата на претседател на Собранито на РМ, сеедно што е избран на див, каубојски начион.

Имено, според член 52 од Уставот „законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.“, Според став 2 од истиот член кој ја тангира погоре цитираната изјава на Џафери „законите и другите прописи се објавуваат во Службен весник на РМ, најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување“. Понатаму стои дека законите влегуваат во сила најрано осум дена од  денот на објавувањето, но тоа за овој случај не е битно.

Член 52

Законите и другите прописи се објавуваат пред да влезат во сила.

Законите и другите прописи се објавуваат во „Службен весник на Република Македонија” најдоцна во рок од седум дена од денот на нивното донесување.

Законите влегуваат во сила најрано осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Собранието, со денот на објавувањето.

Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.  

 

Значи, како што можете да видите, приказната со Законот за јазиците е завршена одамна, уште повеќе што прашање е дали тој може да се смета за донесен бидејќи во целата процедура недостига потписот од претседателот на државата. Така што, ако како момент на донесување на Законот за јазиците се смета моментот кога тој е изгласан по втор пат во Собранието, седум дена од тој момент се одамна поминати. Ако пак, како момент на донесување на Законот се смета денот кога претседателот го ставил својот потпис на указот, тогаш Законот не е ни донесен, па нема што да се објвува во Службен весник.

Во двата случаи, Џафери и службите на Собранието, како и директорот на Службен весник, ако законот биде објавен, ќе сторат фалсификат односно кривично дело. Џафери можеби и не би било гонет за тоа бидејќи функционерите на ДУИ се заштитени од двете македонски партии, но луѓето од службите, како и директорот на Службен весник лесно можат еден ден да одат курбан ако го подготват за објавување и објават Законот за јазиците.

Надвор од ова, фактот што Џафери манифестира елементарно непознавање на Уставот е скандал сам по себе, но во оваа држава играњето мајтап со правната сфера одамна никого не возбудува.