Од 120 пратеници во Собранието на Република Македонија само осум немаат профил на Фејсбук. Додека пак само 31 член на парламентот се на социјалната мрежа Твитер.

Истражувањето што е направено деновиве покажува дека за девет години драстично е зголемен бројот на пратеници што користат Фејсбук. Тогаш на оваа социјална мрежа активни биле само 33 пратеници.

Сепак, истражувањето покажува дека иако имаат активни профили на Фејсбук, голем дел од пратениците ретко објавуваат содржини на нив и дека активно ги користат само за време на изборните кампањи. За да се подобри комуникацијата со народните избраници, се предлага поставување линкови до социјалните медиуми на секој пратеник на собраниската веб-страница.