Голем број деца-робови работат на плантажи со канабис во Лондон, предупредуваат експертите по најновите откритија за тајното производство на дроги.
Од 2016 година британската полиција открила 314 илегални плантажи со канабис во Лондон, објави „Ивнинг стнадард“ повикувајќи се на официјални податоци. Експертите проценуваат дека деца од Виетнам и од други земји биле киднапирани за да работат како робови на таквите плантажи, кои најчесто се во домови и оти обемот на тој проблем е премногу потценет.
Британија се смета за светски лидер во борбата со ропството и таа го промовираше Актот за модерно ропство во 2015 година.
Според австралиската група за човекови права Движи се слободно, во 2013 година во Британија имало 136.000 модерни робови. Лани беа регистрирани околу 2.000 случаи на трговија со деца, а повеќето од нив беа вовлечени во трговија за сексуална експлоатација, домашна работа и присилна работа.
Илјадници деца се шверцуваат од Виетнам, Судан, Еритреа, Авганистан и Ирак, се наведува во официјалните податоци од британската влада.