Полицајка од МВР на Македонија се сликала полугола во униформа и фотографијата ја објавила на социјалните мрежи, а Одделот за внатрешна контрола повел дисциплинска постапка против неа.
Како што објави ТВ Сител, фотографијата иако заматена, на истата се гледаат ознаките на македонската полиција.
Полицајката е фотографирана со откопчана кошула и кравата меѓу разголените гради.
Таа била со стаж во МВР од 11 години, и работела во Одделот за гранични работи и миграции, пишува порталот А1он.
– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапува во врска со случајот за кој прашувате, велат МВР.