35-годишна скопјанка пријавила дека била измамена за околу 200.000 денари, откако телефонски ѝ било понудено каско осигурување за нејзиното возило.

Случајот во СВР Скопје бил пријавен на 13 август во 13:30 часот. Според пријавеното, во текот на јули женско лице телефонски ја контактирало скопјанката и ѝ понудило каско осигурување, со ветување дека за возврат ќе добие поголема сума, односно премија.

Откако во неколку наврати ја уплатила бараната сума, пријавителката не добила активно каско осигурување. Тогаш сфатила дека била измамена.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.