Дадилката која беше фатена на камера како во игротека на угостителски објект во Скопје натепа двегодишно дете е приведена во полициска станица.

Полициски службеници од Полициската станица Аеродром вчера во 15:57 часот ја лишиле од слобода 59-годишната Ж.П.  од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од М.А., сопственик на угостителски објект во Скопје.

Тој пријавил дека во игротеката во угостителскиот објект, пријавената физичка нападнала малолетно дете.

По преземени мерки било утврдено дека таа била ангажирана да работи како дадилка кај Д.Д.(43) од Скопје и физички го нападнала нејзиниот двегодишен син.

Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.