Германската компанија Гересхајмер АГ ќе гради фабрика за медицинска пластика во Скопје.

Компанијата соопшти дека ќе почне со градба на фабриката во првата половина на 2019 година, а произведството на пластични системи за фармацевтската индустрија и секторот за медицинска технологија, треба да стратува во средината на наредната година.

– Ќе градиме нова фабрика во Скопје како дел од нашата стратегија за проширување во Европа. Северна Македонија е идеална локација за проширување на нашето производство. Земјата нуди добра инфраструктура, ниски трошоци и обучен персонал, како и одлична поддршка од властите, вели Дитмар Сиемсен, извршен директор на „Гересхајмер“ АГ.

Повеќе детали за инвестицијата на „Гересхајмер“ АГ попладнево во Владата ќе дадат премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.