Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територијата на град Скопје полицијата изрече вкупно 400 санкции, меѓу кои 65 за пречекорување на дозволената брзина на движење, а 47 за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Полицијата регистрирала и 14 прекршоци од возачи кои поминале на затворен семафор, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 15 мотоциклисти, 51 изречена мерка за непрописно паркирање, 48 возила подигнати со „пајак“ и 36 казни за неносење на заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во денешното соопштение од МВР.