Татко и син вчера попладне влегле во скопска месарница и бидејќи не биле задоволни од услугата, најпрво почнале вербална расправија со продавачот. Потоа, едниот од нив и му се заканил, вадејќи службена легитимација од МВР и пиштол.
Утврдено е дека се работи за В.А. (29) од Скопје и неговиот татко М.А.(66), а случајот го пријавил Б.Ќ. (37).
Како што е соопштено во полицискиот билтен, настанот бил пријавен на 4 август во 12,46 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, а се одиграл на улицата „Самарџиска“, во месарницата, каде влегле две лица кои сакале да купат месо. Тие незадоволни од услугата, започнале вербална расправија, и во еден момент едно од лицата извадило службена легитимација од МВР и пиштол и му се заканувал на пријавителот.
По превземени мерки било утврдено дека се работи за В.А. (29) од Скопје и неговиот татко М.А.(66). Се работи на целосно расчистување на случајот, а веднаш е известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
Полицијата, како што е соопштено, работи на целосно расчистување на случајот.