Главниот дел од албанското население дошол во Скопско Поле, односно во Скопската котлина по патиштата кои водат преку Метохија, Косово Поле, низ Качаничката клисура и по патеките што водат преку гребенот на Скопска Црна Гора.

Според теренските истражувања низ населбите во Скопско Поле, кои д-р Јован Трифуноски ги реализирал од 1951 до 1953 година, меѓу сите испитани родови, чиј мајчин јазик е албанскиот, “не е најден ниту еден род чии фамилии не биле доселеници“, а притоа “најголем дел од албанското население знае кој предок и од каде се доселил“.

Освен тоа, пишува д-р Трифуноски во својата студија за албанското население во Скопско Поле, објавена 1954 година во Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје, сите се сеќаваат на времето кога се доселени, за начинот и за причините:

„Прави Албанци и поалбанчени Цигани“

„Албанското население од Скопско Поле се дели на прави Албанци и на поалбанчени Цигани. Од првите има 183 а од другите 106 куќи. Според местата од каде што се доселени, населението со албански јазик во Скопско Поле припаѓа на две главни доселенички струи: северно-албанска и косовска. Првата струја дала 53 рода со 172 дома и тоа прави Албанци. Втората струја дала 61 род со 92 дома, а населението од оваа струја се поалбанчени Цигани. Останатите помали струи, со незначителен број доселеници, се од други делови на Албанија, од Метохија со Дреница и од Горна Морава. Сето ова население сега живее во 21 населба во Скопско Поле, а мнозинство е само во Шишево, каде што има 38 куќи, во Долно Нерези со 63 куќи и во Идризово со 27 куќи.

Половина од вкупното население се оние што се доселени во Трубарево, каде што живеат во 25 куќи, а под половина од населението се во Синѓелиќ, Арачиново, каде што има само 20 куќи Албанци, Огњанци со 27 куќи, Катланово со 13 куќи итн. Најстарото доселување на албанското население во Скопско Поле паѓа кон крајот на 18 и почетокот на 19-ти век. Тогаш одредени мали албански групи се населиле на ритчестото земјиште во северниот и северо-западниот дел на котлината.

Селата во кои дошле првите Албанци во Скопско се Горно Оризари, Бардовци, Вучи Дол, Орман, Шишево, сарајско Оризаре, Бутел и други. Сепак овие први албански доселеници не се снашле во новата средина, опкружени со многу блата и мочуришта, па почнале да се повлекуваат по околните планински населби. Потомци од Албанците што дошле во Вучи Дол и Орман, на пример, сега живеат во планинските села Пустеник и Гајре кај Качаник, а оние од Бардовци се преселиле во селата Горно и Долно Блаце на гребен на Скопска Црна Гора, и во селото Биљача кај Прешево.

Албанците кои првично дошле во Бутел по извесно време се повлеле во планинсксото село Танушевце, а оние од Кисела Вода се качиле во селото Чифлик на Водно.

Албанците од сарајско Оризаре сега се наоѓаат во село Чајлане на планината Осој, а оние што сега живеат во селото Љуботен на Скопска Црна Гора знаат дека претходно кусо време живееле негде во полето. Од Албанците населени во средината на 19 век во Скопско Поле зачувани се само два рода кои сега живеат во селото Шишево што лежи на меѓата од Скопско Поле и гребенот на планината Водно.

Во почетокот на 20-ти век започнал нов и најголем бран на доселување на албанско население во Скопско Поле од околните претежно планински села, кои послужиле како миграциона етапа, но не можеле да овозможат потребни средства за живот на населението што почнало брзо да се умножува и да бара нов простор за живеење. Во овој период, значи од почетокот на дваесетти век до денес, за околу 50 години, околу 120 албански рода кои сега бројат 251 дома се населиле во триесеттина скопски населби, исполнувајќи поголем број од полските села.

И сега, значи во времето кога го правевме ова истражување, албанското население со нагласена брзина се спушта во Скопско Поле од околните планински предели но и од Косово Поле.

Инаку, Албанците од околните области, во скопските полски села првично се спуштале само кога ја дотерувале стоката на зимување, но подоцна почнале да доаѓаат и поради привремени земјоделски работи, особено како косачи во Блатија, или како момци и наполичари на земјата на одделни поимотни неалбански фамилии, најпрво кај турските чифлик-сајбии, а подоцна и кај македонските домаќини. Оние што се спуштале како сточари од гребенот на Скопска Црна Гора денес живеат во селата Бутел, Идризово, Ржаничино, Огњанце, Синѓелиќ, Арачиново итн.

Другите, оние кои доаѓале како земјоделски работниџи и момци, и кои главно се доселувале по Првата светска војна, претежно биле поалбанчени Цигани, а не прави Албанци.

Ваквите поалбанчени Цигани доаѓале од косовски, метохиски и горно-моравски села, и се населиле во Трубарево, Катланово, Инџиково, Петровец и уште неколку други полски села. Во 1946 година на таквите албански фамилии аграрната реформа им доделила земја за обработување“, пишува д-р Јован Трифуновски во својата студија за албанското население во Скопско Поле.

„Веднаш се градат џамии, се основаат муслимански гробишта, и се градат албански школи!“

Според истражувањето на д-р Трифунопски, главниот дел од албанското население дошол во Скокско Поле по патиштата кои водат преку Метохија, Косово Поле, низ Качаничката клисура, но и потиштата кои воделе од Гњилане преку гребенот на Скопска Црна Гора:

„Кога Косово Поле и Горна Морава се исполниле со албански населби, се јавило преливање на албанскиот елемент кон Скопско Поле. Родовите Оџилари, Мурис и Тенџер, на пример, по иселувањето од Северна Албанија, преку Косово Поле и Горна Морава најпрво дошле во селото Брест на Скопска Црна Гора, а по Втората светска војна од таму се спуштиле во Синѓелиќ. Родот Таири од Северна Албанија дошле во Косо Поле, а потоа, наскоро, оттаму се иселиле во Стулб во Јабланица, па се вратиле во Горно Кусце кај Гњилане за потоа, во 1927 година, да стигнат во селото Арачиново. Семејството Демири, кои сега живее во Јурумлери по потекло е исто така од Северна Албанија. Според сведочењето на најстарите луѓе во семејството, овој албански род најпрво се населил во селото Мало Полце кај Штимље на Косово, од каде, потоа, во 1920 година, стигнале во скопско Јурумлери.

Родот Незири сега е населен во Идризово, но пред тоа, најпрво, од Северна Албанија се населиле во село Прела на Косово, а во Идризово дошле во 1920 година. Сличен бил патот по кој се движеле и Албанците од родот Шабани, сега населени во Наово. Дошле од Северна Албанија во косовското село Белоградце, па оттаму во 1950 година се доселиле во сегашното село.

Албанците од родот Шкека, кои сега живеат во Ржаничино, припаѓаат, како што кажуваат самите, на едно големо братство од Северна Албанија. Подоцна братството делумно се растурило, па одделни ограноци дошле на Косово Поле и во скопски Дервен, односно во Матка, Глумово и Љубин. Ржаничанските Албанци од родот Шкека се делови од тие ограноци, кои подоцна се ширеле на поголем простор.

Во неколку села во Скопската котлина, и тоа во Синѓелиќ, Идризово, Арачиново, Бутел и Белимбегово се населиле босанско-херцеговски муслимани, кои полека се претопиле со Албанците. Доселените Албанци кои се рашириле во поголем дел од полските села и во сите делови на областа, со себе донеле муслиманска вера, обичаи, пхисички особини, расен тип, јазик, стандард на култура и живот. Многу села од Скопско, кои за време на турската власт, значи до почетокот на 20-ти век според населението биле христијански и словенски, денес, значи по ослободувањето на Македоинија, делумно или повеќе од половина се станати албанско-муслимански. Поради масовното доселување не се ретки делови од Скопската котлина во кои се градат сосема нови муслимански населби, а во нив веднаш се градат и џамии, се основаат муслимански гробишта, се градат албански школи и друго. Меѓу сите етнички групи, кои сега постојат во Скопско, значи од Македнци, Срби, Турци, Цигани-доселувањето на Албанците се врши најмасовно, речиси секојдневно, непрекинато и најживо. Освен тоа албанското население има и најголем прираст така што нивниот број набргу ќе биде уште поголем“, заклучува проф. д-р Јован Трифуноски во своето истражување за доселувањето на Албанците во Скопската котлина.

Кој е д-р Јован Труфуноски?

Проф. д-р Јован Ф. Трифуноски, син на македонскиот комита Филип

Трифунов Лулков, еден од најпознатите македонски и југословенски антрополози и географи, е роден во гостиварското село Вруток точно пред сто години, а починал во Белград во 2002 година. Дипломирал во 1939 на антропогеографската група на Филозофски факултет во Скопје, а од есента 1940 година, како асистент на истиот факултет, почнува со своите теренски истражувања. Од мај 1941 година до август 1946 година бил асистент на Филозофскиот факултет во Белград, а потоа повторно се вратил во Скопје. По одбранетиот докторат во 1950 година поминал низ сите етапи на својата професорска кариера. Трифуноски е автор на многу дела од областа на географијата и антропологијата, меѓу кои се и книгите за Качаничка клисура, за Горна Пчиња, шесте книги за Скопската котлина, книга за Кичевска Котлина, Кривопаланечка област, Горна Пчиња, Врањска котлина, Скопска Црна Гора, Кумановска област, Струмички крај, Овчеполска долина, Областа на Бабуна и Тополка, Пиринскиот дел на Македонија и други. Со оглед на тоа што истражувањето секогаш го сметал за основа на својата стручна работа, сите негови книги се богати со многу податоци за потеклото на населението, историјата на местата и стопанските прилики, кои се од извонредно значење за географијaта и историјата на Македонија.

Притоа особено значајни се неговите записи за местата и потеклото на населението во населените места во кои денес живее исклучиво албанско население.

Што се тоа Маљоци?

Според д-р Јован Трифуноски, поалбанчените Роми во селата од Скопско Поле познати се под општото име Маљоци:

„Старците од ова население тврдат дека дошле од Косово Поле, Метохија, Горна Морава и Дреница. Каде живееле пред тоа не се знае, но изгледа дека некои нивни родови престојувале и во Северна Албанија, па од таму доаѓале во Косово Поле. Населението Маљоци има црна боја на кожата. Маљоците своите сонародници, правите Цигани, ги викаат подбивно и настојуваат разликата меѓу нив да биде што поголема. Гробиштата им се одделни, а меѓу нив не се склопуваат бракови.“