На територијата на град Скопје вчера се изречени 326 санкции од кои 36 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 55 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 43 за управување без возачка дозвола, 28 за некористење сигурносен појас, 11 за користење мобилен телефон при управување со возилото и 72 за непрописно паркирање, соопшти МВР.
Подигнати се и 45 возила со „пајак“.
МВР најавува дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, наведува МВР.