Олдтајмери денеска од 9 до 17 часот ќе бидат изложени на улицата „Михаил Цоков“ до Општина Центар, во организација на „Олдтајмер Клуб Класик АВЈ“ од Скопје.

Изложбата е меѓународна, а посетителите ќе имаат можност да уживаат во убавините на овие возила и да се потсетат на старите времиња кога се користеле вакви автомобили.

За време на манифестацијата ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во близина на оваа сообраќајница.