Три непознати лица вчера околу 17 часот извршиле разбојништво врз Д.П. (31) од Мелбурн, Австралија на улицата Мирослав Крлежа во Скопје.

Како што информира МВР, случајот синоќа, во 20:25 часот, во Полициската станица Центар го пријавил оштетениот.

Според пријавата, сторителите со закана со нож на Д.П. му одзеле чанта со лични предмети, машки часовник и едно златно синџирче.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.