Лидерот на Сојузот на Роми и пратеник во неколку мандати во Собранието на Република Македонија, Амди Бајрам утрово почина на 64-годишна возраст.

Информацијата за МИА ја потврдија од Сојузот на Роми.

Дел од медиумите јавија дека тој починал во приватна клиника. Бајрам имаше проблеми со срцето, а како што јавуваат медиумите, посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид.