Двајца пешачи се здобиле со тешки телесни повреди, а четири лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно 13 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во седум сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците од СВР Скопје полицијата од сообраќај исклучила еден возач кој управувал возило под дејство на алкохол и едно нерегистрирано возило.

Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 76 возила.

Казнети се и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло.