Четири лица се полесно повредени во три сообраќајни незгоди од вкупно 12 сообраќајки што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во девет сообраќајки е причинета материјална штета.

Според билтенот на СВР Скопје, 23 возачи возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклучени 12 возачи кои возеле пред да се стекнат со правото за управување на мотороно возило. Од сообраќај се исклучени и осум нерегистрирани возила.

Сообраќајната полиција издала 60 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 35 возила.

На црвено светло поминале пет возачи, а тројца не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Пет возачи не носеле сигурносен појас, а 12 користеле мобилен телефон додека возеле.