Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески најави тужба за клевета против градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Арсовска за време на денешната итна на седница на Советот на Град Скопје го обвини Славески за фалсификување на потписи.
„Таа ќе добие тужба за клевета затоа што јас не сум фалсификувал потписи, јас не можам да фалсификувам мој потпис. Мој потпис е ставен на гласање ЗА за две советнички кои ги вклучивме онлајн на седница на Советот, едната поради патолошка бременост, другата поради лекување од рак. Тоа е тешко обвинение за фалсификат. Јас ги имам списоците, имам копија со знаење на сите тука, на службите јас имам потпишано со ЗА до нивните имиња, јас не можам да го фалисикувам мојот потпис“, рече Славески.
Славески заклучи дека градоначалничката Арсовска не придонела во работата на Советот, туку држела политички говор.
„Ја отрувте атмосферата со политички говор, подобро да не дојдевте тука се работеше“, рече Славески.