Словенечкиот премиер во оставка Марјан Шарец изјави дека доколку има потреба, во обезбедувањето на државната граница од нов мигрантски бран, може да се вклучи и армијата.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Шарец кажал дека Законот за одбрана има посебен член, кој предвидува и активирање на армијата во обезбедувањето на границите и дека тој член е една од опции за зачувување на територијалниот интегритет на државата кои и се на располагање на Владата.

– Не смееме да дозволиме луѓе без никакви документи слободно да се шетаат низ државата. Токму затоа ние сме подготвени на сите сценарија – изјави Шарец.

Според словенечките власти, засега не е забележан поголем број обиди за илегален влез во земјата.