Словенија ја доби првата жена претседателка, бидејќи во вториот круг од изборите триумфираше независната кандидатка Наташа Пирц Мусар, која освои повеќе гласови од противкандидатот, Анже Логар, пренесува Дело.
Според последните резултати, врз основа на 98,29 отсто од гласовите, Пирц Мусар освоил 54,03 гласови, а кандидатот на Словенечката демократска партија Логар 45,97 отсто, пишува љубљанскиот весник.