Јужнокорејскиот специјален обвинител денеска побара смртна казна за соборениот претседател Јун Сук-јеол поради обид за бунт и воведување вонредна состојба во Јужна Кореја во декември 2024 година.

Вишиот суд во Сеул сè уште не го одредил датумот за изрекување на пресудата по жалбата на Јун на казната доживотен затвор, што во февруари ја изрече Централниот окружен суд во Сеул.

Судот утврди дека Јун незаконски ја ангажирал армијата и полицијата за да ја заземе законодавната власт, за да ги уапси политичките противници и да воспостави неограничена власт на „значителен временски период‘.

И специјалниот обвинител Чо Еун-сук исто така вложи жалба на пресудата, тврдејќи дека Јун заслужува смртна казна бидејќи неговите постапки претставуваат сериозна закана по демократијата.

Јун на 3 декември 2024 година прогласи вонредна состојба, што траеше неколку часа, а пратениците ја пробија блокадата пред Народното собрание во Сеул и ја поништија одлуката на тогашниот претседател.

Против Јун се водат шест кривични постапки, а тој е во притвор. Тој беше сменет во април. Неговата одлука за воведување вонредна состојба предизвика најголема политичка криза во Јужна Кореја ви изминатите неколку децении.

фото: Архива