Шведски навивач им „долеа сол на рана“ на швајцарските навивачи по вчерашната победа на Шведска против Швајцарија во осминафиналето од Светското првенство со 1:0.

На социјалните мрежи Швеѓанец објави фотографија како го прославува триумфот на својата земја со летање „поинаков“ орел, а не како што тоа го направија натурализираните Швајцарци, Гранит Џака и Џердан Шаќири.

Тој со покажување на средните прсти ги испровоцира навивачите на Швајцарија, особено Албанците. Швеѓанецот за кратко време бил мета на голем број смртни закани.