Тетовчанката Соња Магдевски е сопруга на Емилио Естевез, брат на контроверзниот Чарли Шин.

Таа веќе со години е дел од популарното американско актерско семејство. Со својот сопруг Емилио живеат во Малибу, Калифорнија. Но Соња е далеку од холивудскиот живот. Македонката од Тетово во Америка ужива во правење вино, а од пред некое време и крафт пиво. Заедно со Естевез поседуваат многу хектари плантажи каде што одгледуваат најквалитетно грозје. Сопственици се на винаријата „Каса Думез“ и на крафт пиварата „Бабис Бир Емпориум“.

Покрај тетовското, Магдевски има и ресенско потекло. По професија е магистер по новинарство, а како хоби го работи блогот „Малибу“. Нејзините фамилијарни бизниси, винаријата и крафт пиварата се прогласени за дел од најбрзорастечките бизниси во Америка.

Емилио и Соња се толку страствени љубители на виното, за што доказ е и нивниот прв состанок.

„На нашиот прв љубовен состанок јас копав дупки, а Соња садеше лозови гранки “, вели Естевез.

Во многу прилики славното семејство се дружи заедно со роднините на Соња од Македонија, а браќата Шин се големи обожаватели на македонска ракија и специјалитети . Тие дури и знаат по некоја пцовка на македонски. Емилио за разлика од Чарли Шин е многу смирен и фамилијарен човек и тоа е она што ја натерало Соња да се заљуби во него на снимањето на филмот „Боби“ во 2006 година. Емилио пред бракот со Соња, беше во брак со пејачката Пола Абдул, а кратко беше верен и со Деми Мур. Тој има две деца од Кари Сејли. А од 2006 година е во брак со Соња.

Се зборува дека брачниот пар планира да го прошири својот бизнис и во Европа, а секако и во нашата држава, бидејќи поседуваме најповолни услови за одгледување на грозје.

Actor and director Emilio Estevez pose for photographs with his fiancee Sonja Magdevski in their backyard where they grow vines, in Malibu, January 10, 2010. The couple produce wine under the Casa Dumetz label. (Photo by Ann Johansson/Corbis via Getty Images)