Израелските сили убиле тројца напаѓачи кои рано утринава отвориле оган врз патниците на автопатот на влезот во Ерусалим.
Во нападот загинало најмалку едно лице, а уште осуммина се ранети.
Неименувани напаѓачи, за кои се верува дека се Палестинци, утринава излегле од возило на автопат и почнале да пукаат со автоматско оружје кон автомобилите заглавени во утринскиот сообраќаен метеж.
Едно лице на лице место им подлегнало на повредите, додека други две се во критична состојба.
Пет лица се префрлени во блиската болница и засега не се знае степенот на нивните повреди.
🔥 Maale Adumim kasabası yakınlarında Siyonist karşıtı operasyon
Siyonist medya, işgal altındaki Kudüs ile Ma’ale Adumim yerleşimi arasındaki 1. Karayolunda iki Filistinlinin vurulması sırasında 8 yerleşimcinin yaralandığını, 3’ünün durumunun kritik olduğunu…@alnujaba pic.twitter.com/DEUkuGkkiR
— Mehmed Canan (@mehmetcanangen) February 22, 2024
Полицијата соопшти дека на лице место неутрализирала двајца напаѓачи, додека третиот се обидел да побегне и набрзо бил убиен.
Полицијата го окарактеризира нападот како терористички.
На терен има голем број специјалци.