Цариниците пред камерите уништија 21 одземен автомобил, со вкупна вредност од над еден милион евра. Луксузни автомобили како Мекларен 620Р, Бентли и Порше 911 завршија под гасениците на багерот.

Уништени се и нешто поевтини автомобили како што се Mercedes SLK, Lotus Elise и Hyundai Genesis.

Дури 14 џипови „Митсубиши“ не и избегаа на црната судбина. Според достапните информации, станува збор за увезени возила кои биле запленети од 2018 до 2020 година. Тие беа уништени во согласност со претседателската директива според која шверцуваните возила мора да бидат уништени.

Ова не е прв пат филипинската влада да нареди уништување на шверцувани возила. Претходно беа уништени вистински класици како BMW Z1 и Renault 5 Turbo, а имаше и луксузни автомобили како Lamborghini Gallardo, Maserati Quattroporte и Mercedes SL 55 AMG.

Прашањето што многумина го поставуваат, вклучително и самите граѓани, е дали продажбата на аукција на овие возила и донацијата на средствата за локалната заедница би била доволна порака до шверцерите или уништувањето автомобили е единственото решение.