Минатогодишниот шампион на Европа, Ливерпул, вечерва се прости од натамошните натшревари во Лигата на шампионите. По поразот во првата средба во Мадрид од Атлетико со 1:0, Ливерпул во вечерашниот реванш на свој терен, во доминантна игра со многу шанси, успеа да ја надомести предноста во регуларните 90 минути и да победи со 1:0. Англичаните можат да жалат што не искористија ниту една од многуте шанси за да ја заверат победата и да се пласираат понатаму, наспроти слабиот Атлетико кој не покажа речиси ништо.

Но победата на Ливерпул од 1:0 донесе продолженија и во 94 минута Ливерпул поведе со 2:0 со голот на Фимрино. Се чинеше дека бродот на Атлетико незапирливо тоне, посебно што играта не беше многу различна од таа во 90-те минути.

И тогаш, во 97 минута, по една грешка на голманот на домаќините, Атлетико успева да намали на 2:1. Тоа уште не значи ништо, зашто има за играње уште 23 минути, а со еден гол Ливерпул оди понатаму.

Но, во последната минута од првото продлжение, Љоренте го постигна својот втор гол за Атлетико и 2:2. Сега на Ливерпул му беа потребни уште два гола, а на располагање беа уште 15 минути. Наместо тоа, доаѓа до целосен пресврт на натпреварот кога во 120 минута Атлетико го постигнува и својот трет гол за победа од 2:3 и натамошен пласман, иако впечаток е дека е послаб тим од Ливерпул.

Во вториот натпревар, ПСЖ на свој терен пред празни трибини ја елиминираше Борусија од Дортмунд откако победи со 2:0, по поразот во првиот натпревар од 1:2.