Во Москва има брзо влошување на состојбата со коронавирусот, изјави денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на состанокот на президиумот на работната група за борба против Ковид-19.

– Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот во Москва брзо се влошува, истакна Собјанин, посочувајќи дека руската престолнина веројатно се соочува со нова варијанта, која е позаразна и поагресивна.

– Треба да се напомене дека ова е неочекуван развој, бидејќи повеќе од 60 проценти од населението во градот биле или заразени или вакцинирани, наведе тој, додавајќи дека станува збор за прилично голем број луѓе кои имаат имунитет.

– Очекувавме дека стапката ќе падне, а не да се зголеми, потенцира Собјанин.