Турските царински службеници запленија еден тон кокаин скриен во контејнери за банани, и според турскиот министер за трговија Мехмет Муса, тоа е најголема количина кокаин запленета досега во државата.

Кокаинот е запленет во пристаништето Мерсин на југот на Турција, на брод регистриран во Либерија, кој пристигнал во тоа пристаниште од Еквадор.

Цариниците ја започнале операцијата по извештај дека брод што пловел од Еквадор носел еден тон кокаин, се додава во соопштението. Дрогата била спакувана во 1.000 пакувања сместени во контејнери со банани.