Апсолутно, тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се исклучуваат една од друга, тврди денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на претеничко прашање од Игор Јанушев за случајот со Сашо Мијалков.
Јанушев во реплика истакна дека е евидентна нервозата кај Спасовски и потенцира дека ниту е осомничен, ниту се води некоја постапка против него.
Спасовски тврди дека „се е чисто во случајот Мијалков“:
– Апсолутно, ние и сега покажавме, а и од почетокот кога се отворија постапките дека правда мора да има за секого во оваа држава без разлика кој е тој и на каква позиција се наоѓа. И ова што сега го направија институциите со приведувањето на Мијалков и неможноста да избега од правдата. Впрочем никој не избегал од правдата и ниту еден од тие да избегаа и што правеле каква било штета на граѓаните и на држават, нема да избегне да се соочи со правдата. Во тој дел сите да бидеме на јасно, рече Спасовски.
Спасовски и одговорот на ова прашање го искористи за напад на опозицијата, што веќе стана практика на СДСМ, партијата на која е потпретседател, и од чии редови доаѓа во министерката фотелја.