Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог закон за амнестиоја што денеска ќе биде доставен до копретседавачите на Комисијата, за тој што побрзо да биде донесен.
Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група која се отцепи од ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа подгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање. Според него, со Предлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.
-Сите лица опфатени со овој судски процес ќе треба поединечно да поднесат барање за амнестија, посочи Рамчиловиќ.
Се очекува Интерпарламентарната група за интеграција и помирување денеска да се состане и да го разгледа предлог законското решение за амнестија, што се предлага да се донесе по скратена постапка.