Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска треба да одржи ново продолжение на седницата на која на дневен ред е  утврдување предлог за избор на судија на Уставниот суд на Република  Македонија. За уставен судија е предложена универзитетската професорка Ана Павлова Данева.

Таа е поранешна пратеничка и потпретседателка на владејачкиот СДСМ. Предлогот за нејзе доаѓа откако беше повлечена кандидатурата на бившиот јавен обвинител Љубомир Јовевски.

Закажана е и седница на Законодавно-правната комисија, за расправа по Предлог законот за административни службеници, Предлог законот за стручно усовршување и обука на административните службеници, Предлог законот за вработените во јавниот сектор и Предлог законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација, сите по скратена постапка.

Фото: МИА архива