Со 48 гласа „за“, 36 „против“, и еден воздржан, Собранието доцна попладнево ги усвои измените на Кривичниот законик предложени оод Владата. Измените на Кривичнот законик се донесени по скратена постапка и со европско знаменце. Во новиот КЗ се намалуваат затворските казни за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања.
Собранието експресно ги усвои измените во КЗ, за службените лица помали казни за злоупотреба на службената положба.

Претпладнево, овие измени исто така експресно беа усвоени во две собраниски комисии, без амандмани од опозицијата. За употребата на европското знаменце заменик министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ рече дека со измените на 38 члена, 35 се поврзани со директивите на ЕУ. Значи целта е усогласување со европското законодавство, истакна Аврамовска – Мадиќ.

Опозицијата ја обвини власта дека овие законски измени ги носи за да ги амнестира оние што го прекршиле законот и сториле криминал.