Во моментот на Детската клиника се лекуваат 15 деца позитивни на коронавирус. Сите се во стабилна состојба.
-Во моментот има околу 15 деца со 15 мајки кои се ковид-позитивни. Сите се стабилни. Ги лекуваме поради евентуална можност за компликација и дел од нив веќе ги испишуваме во сосема стабилна состојба. Нема ниту едно дете во згрозувачка состојба, изјави директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова одговарајќи на новинарски прашања.
Таа нагласи дека како што во земјата се регистрира намалување на бројките на позитивни и на лица кои се лекуваат, тој тренд е присутен и кај децата.