Во тек е прес конференција на техничкиот премиер Оливер Спасовски, на која тој истакна дека Владата врз основа на научните анализи за заштита од корона вирусот воведе полициски час од 21 до 06 часот. Прес конференциата е во тек, а Владата донеал и низа други мерки.
Кои се тие научни анализи кои утврдиле дека вирусот е раширен на 85 лица зашто имало движење на граѓаните меѓу 21 и 06 чассот, Спасовски не соопшти.
Еве ја неговата изјава:
-Владата ја донесе оваа одлука врз основа на стручно мислење од Комисијата за заразни болести според сознанијата за корона вирусот. Всушност, се налага ваква мерка за да се спречи натамошно ширење на болеста. Веќе ништо не е исто. Животот радикално се промени. Тоа бара радикална промена и на нашето секојдневие. Потребно е секој од нас да се прилагоди на оваа крајно загрижувачка ситуација и максимално одговорно да се однесува. Секој граѓанин и субјект е повикан да биде дел од нашата заедничка битка. Ако сакаме да си ја заштитме нацијата, сите мора да се однесуваме одговорно. Се работи за опстанок на народот и економскиот систем. Затоа, сите да се кренеме на висината на задачата, порача Спасовски, потенцирајќи дека во историјата на нашата земја прв пат се воведува полициски час.