Тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, го бранеше капитенот на тимот Серхио Рамос. Тренерот зеде став во однос на ситуацијата, во која дефанзивецот се најде по натпреварот со Викторија Пленсен од групната фаза од Лигата на шампионите (5:0).
Серхио Рамос го удри со лакт Милан Хавел, а по инцидентот лицето на Чехот беше облеано во крв.
– Нашиот капетан е храбар и чесен човек. Секој што игра фудбал знае дека ова е контактен-спорт и има момчиња од 80-90 килограми, па такви ситуации можат да се случат. Нема друг фудбалер, на кој повеќе пати му бил скршен носот од Рамос. Тој знае што значи ова од прво лице, изјави актуелниот тренер на „белите“.
Реал својот меч од 12 коло на Примера го игра утре, откако гостува на Селта во Виго. Тимот моментално е на 6-тата позиција на табелата и заостанува 7 бода од лидерот Барселона