Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер е уверен во напредокот на напаѓачот Ентони Марсијал. Оваа сезона Французинот постигна два гола на два натпревари.

– Марсијал е човек кој сака да учи, да напредува и да постигнува повеќе голови. Тој има два гола во првите две кола, но тој ќе продолжи да напредува, рече Солскјер.

Шанса за трет погодок во новата сезона Марсијал ќе има в сабота кога Манчестер јунајтед ќе го пречека Кристал палас во рамките на 3. коло од Премиер лигата.