Френк Рибери наскоро ќе стане играч на Фиорентина. Французин пред летот кон Фиренца се фотографираше со шал на својот иден клуб.

Претходно беше објавено дека тој се согласил за условите на двегодишниот договор со „виоелтовите“. Рибери ќе добие четири милиони евра годишно плус бонуси.

Според извештаите на медиумите, ова лето 36-годишниот Рибери добил понуди од московските екипи Локомотив, Динамо и Спартак, како и од Саудиска Арабија.

Од 2007 до 2019 година Рибери ги бранеше боите на Баварија. Тој постигна 124 голови и оствари 182 асистенции на 425 натпревари, а ова лето го напушти клубот поради истекот на договорот.