Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, по синоќешното реми со Реал Сосиедад во реваншот од 1/16-финалето во Лига Европа (0:0), изјави дека тимот игра добро.

Според Норвежанецот, главната цел од пресметката со шпанскиот претставник, а тоа е пласманот во следната фаза од плејофот е исполнета.

– Противникот имаше пенал во првите минути. Потоа го имавме мечот под контрола. Создадовме шанси и можевме подобро со топката. Секогаш сакате да победувате. Имавме еден или два моменти што можеа да се искористат, но главната работа е што се пласираме во осминафиналето, изјави Солскјер.

Манчестер во првиот натпревар победи со 4:0 и со вкупни 4:0 оди во осминафиналето.