Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, реши да го потсети Мино Рајола дека играчот од средниот ред Пол Погба е во сопственост на „црвените ѓаволи“.

Причината е што на почетокот на овој месец, италијанскиот фудбалски агент ја коментираше иднината на францускиот играч и неговото евентуално враќање во Јувентус во текот на летото.

– Зборував со Мино. И не, не му реков на Погба да разговара со Мино и да му каж што да зборува пред медиумите. Пол е наш играч, а не на Мино Рајола “, беше непопустлив норвешкиот менаџер.

Солскјер беше запрашан од Би-Би-Си дали Погба повторно ќе игра за „црвените ѓаволи“.

– Последното нешто што фудбалерот го сака е да биде повреден и не може да му помогне на својот тим. Пол е фудбалер и сака да игра фудбал. Тој знае дека треба да работи напорно за да се врати во својата најдобра форма, бидејќи веќе долго време е аут. Тоа е предизвик за него и тој треба да го преземе за да се врати во форма. Ова е тежок период од неговата кариера, но тоа е дел од тоа да се биде фудбалер. Затоа, нема да ви дадам можност да напишете наслови, кажувајќи ви дека неговата сезона беше таква и таква, додаде Солскјер.

Погба беше подложен на операција на глуждот на 7-ми јануари и сè уште не е јасно кога ќе се врати во игра.