Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер не очекува играчот од средниот ред Пол Погба да си замине од „Олд трафорд“.

– Вие новинарите постојано поставувате прашања за иднината на Погба. Нема ниту една прес-конференција на која јас не одговарам на прашања за него. Погба во 80 % од одговорите на новинарите вели дека ужива во времето поминато во тимот. Јас апсолутно не сум загрижен за Погба. Мислам дека тој ќе остане, изјави Солскјер.

Минатата година 26-годишниот Французин одигра 47 натпревари за Манчестер јунајтед, постигна 16 голови и оствари 11 асистенции.

Договорот на Погба со англискиот клуб е со важност до 30 јуни 2021 година.

На фудбалскиот пазар вредноста на евентуалниот трансфер на францускиот репрезентативец се проценува на 100 милиони евра.