На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се 346 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола на 17 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, за нерегистрирани возила 24.

Санкционирани се 28 мотоциклисти, а одземени се три мотори, изречени се 54 мерки за непрописно паркирани возила, а 29 возила се подигнати со пајак. Изречени се и 48 санкции за неносење заштитна маска, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Оттаму посочуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението.